Замена на Штекери, Прекинувачи и Осигурачи во Скопје
Најголем дел од дневните повици се ситни работи што траат под еден час. Прегорен осигурач, штекер што се вади заедно со кабелот, прекинувач што искри при палење - сето тоа го решаваме во еден излез.
Оставете барањеШто работиме
- Замена на штекери, утикачи и приклучници
- Замена и поправка на прекинувачи и серии
- Промена на топливи со автоматски осигурачи
- Додавање на нова приклучница на постоечки круг
- Поправка на разводни кутии и дозни
- Заземјување на постоечка приклучница
- Спратни табли
Зашто ситна работа не е ситен ризик
Домашните пожари од електрика ретко почнуваат од голема инсталација. Почнуваат од лабав спој во штекер или од преоптоварен продолжен кабел. Лабавиот спој се загрева при секое користење, пластиката околу него потемнува, и тоа трае со месеци пред да се случи нешто.
Затоа и најмалата замена кај нас значи проверка на спојот и на состојбата на кабелот зад маската, не само нова маска врз старото. Ако видиме потемнета изолација или загреан спој, ќе ви кажеме - и ќе ви кажеме дали трпи или не.
Знаци што не треба да се игнорираат
- Потемнета или стопена пластика околу штекерот
- Мирис на загорено при вклучување
- Штекер што се загрева при подолго користење
- Искрење при вадење или ставање на утикачот
- Осигурач што прегорува повеќе од еднаш
- Штекер што се вади од ѕидот заедно со кабелот
Осигурачи - топливи наспроти автоматски
Стариот топлив осигурач штити, но откако ќе прегори бара замена и често се заменува со погрешна вредност или, полошо, со жица. Автоматскиот осигурач се враќа со рачка и не може да се 'закрпи' на тој начин. Ако таблата сè уште е на топливи, замената е меѓу поевтините работи со најголем ефект врз безбедноста.
Често Поставувани Прашања
Доаѓате ли за само еден штекер?
Да. Доаѓаме и за една приклучница. Ако имате повеќе ситни работи, ги завршуваме во истиот излез.
Штекерот ми се загрева - колку е сериозно?
Загреан штекер е знак за лабав спој или преоптоварување и не треба да се остава. Најдобро е да престанете да го користите тој штекер додека не се провери.
Осигурачот ми прегорува постојано, што значи?
Значи дека тој круг е преоптоварен или има дефект во инсталацијата. Замената на осигурачот со посилен не е решение - тоа само ја поместува опасноста на кабелот.
Може ли да се додаде нова приклучница без штемање?
Понекогаш да, ако има близок круг и се работи со надѕидна инсталација или каналица. Ако сакате приклучница во ѕид, тогаш е потребно штемање.
Каде ја вршиме оваа услуга
Поврзано
Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме
Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.