Електричар Гази Баба Скопје
Лиценциран електричар за најголемата скопска општина по површина - од блоковите на Автокоманда до куќите во Ченто и погоните во индустриската зона.
Оставете барање
Електричарски услуги во општина Гази Баба
Гази Баба е општина што тешко се опишува со едно правило. На едната страна се станбените блокови околу Автокоманда и населбата Железара, градени во време кога во домаќинството работеле фрижидер, телевизор и малку друго. На другата се илјадниците индивидуални куќи во Ченто, Сингелиќ и Маџари, од кои голем дел се доградувани фаза по фаза. Помеѓу нив стои индустриската зона со сосема поинакви барања.
Тоа значи дека истиот проблем во Автокоманда и во Ченто има различна причина. Во блок најчесто станува збор за преоптоварена стара инсталација што никогаш не била предвидена за клима, бојлер и индукциска плоча истовремено. Во куќа што расла со годините - за инсталација изведувана на делови, каде секој дел е работен од друг мајстор и никој не ја гледал целината.
Населби што ги покриваме
- Автокоманда
- Ченто
- Железара
- Сингелиќ
- Маџари
- Триангла
- Хиподром
- Стајковци
- Црешево
- Булачани
- Раштак
- Смиљковци
- Индустриска зона
Чести електрични проблеми во Гази Баба
Ова се состојбите поради кои најчесто нè повикуваат во оваа општина:
Табли без ФИД заштита
Голем дел од постарите станови и куќи сè уште имаат само топливи осигурачи, без заштитен уред од струја на грешка. Тоа е уредот што спречува струен удар кога изолацијата ќе попушти - и е задолжителен кај секоја нова изведба.
Доградувани куќни инсталации
Кај куќите во Ченто и Сингелиќ честа е инсталација што расла заедно со објектот - нов кат, нова просторија, нов кабел закачен на постоечкиот круг. Кругот на крајот носи многу повеќе отколку што е предвиден и осигурачот скока без видлива причина.
Преоптоварени кругови во блоковите
Во Автокоманда и Железара кујната често виси на еден круг со шпорет, микробранова и садомијалка. Решението не е поголем осигурач - тоа само го крие проблемот - туку одвоен вод со соодветен пресек.
Стари приклучоци во деловните објекти
Во индустриската зона наидуваме на трифазни приклучоци и ормари што не се менувани со децении, со ознаки што веќе не се читаат. Тоа е ризик и за луѓето и за опремата.
Услугите што ги нудиме во Гази Баба
За станови и куќи
Комплетни инсталации кај новоградба и реконструкции кај постоечки објекти, замена на разводна табла со автоматски осигурачи и ФИД заштита, одвоени кругови за силни трошила, надворешна и дворна расвета, приклучоци за клима и бојлер.
За фирми и производни објекти
Трифазни приклучоци, разводни ормари, индустриска расвета, отстранување дефекти и одржување по договор. Работиме и надвор од работно време за да не ви застане производството.
Што најчесто работиме во Гази Баба
Сите услуги ги покриваме во Гази Баба, но по овие најчесто нè бараат: Итен електричар 24/7 во Гази Баба, Електрични инсталации во Гази Баба, Инсталација за новоградба во Гази Баба, Поврзување на бела техника во Гази Баба, Замена на штекери и осигурачи во Гази Баба, Монтажа на лустери и LED во Гази Баба и Електрика за фирми во Гази Баба.
Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме
Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.