Во моментов сме зафатени со поголеми зафати и не примаме телефонски повици. Оставете барање преку формуларот — се враќаме и ве контактираме од 15 октомври.

Зошто климата бара посебно струјно коло

Модерна клима троши 1-3,5 kW и работи со часови во сезона. Старите инсталации не се правени за тоа - ако климата „виси" на исто коло со штекери или кујна, осигурачот скока, а кабелот се прегрева. Затоа климата бара свое коло, директно од таблата.

  • Скока осигурач кога палиш клима - преоптоварено споделено коло
  • Топол штекер или кабел - пресекот е премал за оптоварувањето
  • Повеќе клими во ист стан - секоја бара свое коло
  • Нова клима во стар стан - речиси секогаш треба ново коло и заштита

Што правиме

Ја подготвуваме целата електрика за климата, за монтерот само да ја закачи единицата:

  • Посебно струјно коло од таблата со правилен пресек на кабел
  • Автоматски осигурач и ФИД за климата
  • Точка (штекер или директно поврзување) на местото за внатрешната единица
  • Каблирање до надворешната единица - за компресорот на фасада или тераса
  • Проверка на оптоварувањето и заземјувањето

Пред да дојде монтерот на клима

Многу фирми што продаваат клими само ја монтираат единицата и ги спојуваат бакарните цевки - но не го прават струјното коло, или те закачуваат на најблискиот штекер (што е привремено решение што скока). Најдобро е прво да се подготви струјата од електричар, па потоа да дојде монтерот. Кажи ни каде ќе биде климата и ние го подготвуваме напојувањето.

Повеќе клими во ист стан

Ако ставаш две-три клими (дневна, спална), секоја треба свое коло. Тоа честопати значи и дека старата табла треба надградба на 63A или посебни осигурачи. Ти кажуваме однапред што е потребно за да не скока ништо кога сè ќе работи одеднаш.

Колку чини и кога

Цената зависи од должината на кабелот до таблата и дали таблата има место за уште осигурачи. Најдобро е да се подготви напролет, пред сезоната - тогаш нема брзање и нема доплата за итен излез среде лето. Сè се договара со фиксна цена пред да почнеме.

Оставете барање

Често Поставувани Прашања

Дали монтерот на клима го прави и струјното коло?

Најчесто не. Повеќето фирми ја монтираат единицата и ги спојуваат цевките, но струјното коло е работа на електричар. Некои те закачуваат на најблискиот штекер - што е привремено и скока. Најдобро е прво да се подготви посебно коло, па потоа да дојде монтерот.

Дали ми треба посебно коло за клима?

За модерна клима - да. Троши 1-3,5 kW и не треба да дели коло со штекери или кујна. Посебно коло од таблата со правилен пресек, осигурач и ФИД спречува скокање и прегревање.

Скока ми осигурач кога ќе ја вклучам климата - што е?

Речиси секогаш преоптоварено споделено коло - климата се пали додека работи друг силен уред. Решението не е поголем осигурач, туку посебно коло за климата со правилен пресек.

Може ли да се подготви струјата пред да купам клима?

Да, и тоа е најдобро. Ако ни кажеш каде планираш клима, подготвуваме коло и точка напролет, пред сезоната - без брзање и без доплата за итен излез среде лето.

Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме

Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.

Оставете барање

Оставете барање