Итен електричар Скопје - 24 часа, секој ден
Кога електриката ќе откаже, чекањето до утре не е секогаш безбедна опција. Дежурни сме секој ден во годината, вклучително ноќе, за викенд и за празници.
Оставете барањеЈавете се веднаш, не чекајте утре
Овие знаци значат дека нешто веќе се грее или искри зад ѕидот. Тоа не се работи што „ќе издржат до понеделник“:

- Мирис на изгорено околу штекер, прекинувач или табла - изолацијата веќе се топи
- Искрење при вклучување или при вадење на утикачот
- Загреан штекер или маска што е топла на допир
- Осигурач што скока повторно веднаш штом ќе го вратите
- ФИД што не сака да се врати - тоа значи дека постои струја што бега некаде
- Треперење на светлата низ цел стан - можен лабав спој на главниот довод
- Струен удар при допир на славина, бојлер или машина за перење
- Влага или вода што стигнала до табла, штекер или разводна кутија
Што да правите додека патуваме
Овие чекори се безбедни и секој може да ги направи. Не барајте повеќе од тоа - отворање на табла или лепење изолир-лента врз загреан кабел го влошува проблемот.
- Исклучете го главниот прекинувач ако мириса на изгорено или ако има вода. Тоа е сивата рачка во таблата.
- Исклучете ги од струја уредите што работеле кога настанал проблемот, за да не се вклучат сами кога ќе се врати струјата.
- Ако скока само еден осигурач, обидете се еднаш да го вратите. Ако скокне повторно - оставете го исклучен и не пробувајте трет пат.
- Не ставајте жица, шајка или монета наместо топлив осигурач. Тоа е најчестата причина за пожар од електрика.
- Ако има чад или отворен пламен - излезете и јавете се на 193. Ние доаѓаме потоа.
Колку брзо стигнуваме
Времињата подолу се за нормални услови. Ноќе и во сообраќаен шпиц бројката се менува, но ви кажуваме реална проценка уште на телефон - не ветуваме десет минути за да ве задржиме.
- Центар - околу 30 минути
- Аеродром - 30-45 минути, за итни случаи под 30
- Карпош - под 30-45 минути
- Кисела Вода - 30-45 минути, за Драчево и Припор 40-60
- Бутел - 30-40 минути, за Радишани 35-50, за Љубанци и Брест 45-60
- Ѓорче Петров - 30-45 минути, за Бардовци и Стенковец 45-60
- Илинден - 20-30 минути
- Гази Баба - 30-45 минути
Како се договараме
Ноќен, викенд и празничен излез има доплата. Таа ви ја кажуваме на телефон, пред да тргнеме - не откако ќе завршиме. Ако не се согласувате, никој никаде не тргнал.
Секоја изведена работа оди со фактура и со пишана гаранција. Ако дефектот бара делови што не се носат во возило, на лице место ви кажуваме што е потребно и колку трае, па вие одлучувате дали продолжуваме.
Што носиме со себе
- Мерна опрема за наоѓање на дефект - не се погодува по случајност каде е прекинот
- Автоматски осигурачи и ФИД заштита од стандардни вредности
- Штекери, прекинувачи, маски и разводни кутии
- Кабел за привремено премостување додека не се изведе трајно решение
- Осветлување за работа во простор без струја
Кога НЕ е итно
Ова го пишуваме намерно, зашто итен излез чини повеќе. Ако состојбата е една од долунаведените, закажете нормален термин и платете помалку:
- Прегорела една сијалица или еден лустер не свети, а сè друго работи
- Сакате нов штекер или преместување на постоечки
- Планирате нова инсталација, реновирање или замена на табла
- Осигурач што скокнал еднаш, се вратил и оттогаш работи нормално
- Немате струја, но и соседите немаат - тогаш проблемот е кај Електродистрибуција, не кај вас
Ако не сте сигурни во која група спаѓа вашиот случај - јавете се и опишете го. Тоа не чини ништо, а на телефон најчесто се разбира дали може да чека.
Често Поставувани Прашања
Навистина ли работите во 3 наутро?
Да, дежурни сме 24 часа секој ден. Ноќните повици ги примаме на (Даниел) и на (Даниел). Ако првиот број е зафатен, обидете се со вториот.
Како се договара доплатата за ноќ и викенд?
Ноќниот, викенд и празничниот излез има доплата. Ви ја кажуваме на телефон пред да тргнеме, за да немате изненадување на крајот. Конкретниот износ зависи од часот, локацијата и од тоа што се покажува на лице место.
Што ако дефектот не се реши на лице место?
Ако е потребен дел што не го носиме во возилото, го премостуваме безбедно или ви објаснуваме што не смее да се користи додека не се замени, и се договараме за термин. Тоа што е изведено на лице место се наплаќа, а што не е - не.
Доаѓате ли надвор од Скопје ноќе?
За градовите каде работиме доаѓаме и надвор од работно време, но времето на пат е подолго и тоа влијае на цената. Јавете се и ќе ви кажеме реална проценка.
Нема струја во целата зграда - вие или Електродистрибуција?
Ако немаат струја и соседите, проблемот е на мрежата и го решава Електродистрибуција. Ако имаат само тие, а вие немате, тогаш е кај вашата инсталација или кај вашето мерно место, и тоа е наша работа.
Каде ја вршиме оваа услуга
Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме
Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.