Во моментов сме зафатени со поголеми зафати и не примаме телефонски повици. Оставете барање преку формуларот — се враќаме и ве контактираме од 15 октомври.

Прва фаза - грубата инсталација

Првата фаза се изведува пред малтерисување, кога ѕидовите се уште голи. Тука се одредува каде ќе биде секој штекер и секое светло во следните триесет години - потоа менувањето значи кршење.

Полагање и поврзување на кабли при груба електрична инсталација
  • Обележување на позиции по договор со инвеститорот и со проектот
  • Штемање на канали по вертикала и хоризонтала според стандардот, за секој подоцнежен мајстор да знае каде има кабел
  • Поставување на разводни кутии и дозни
  • Полагање на кабли за струјни кругови, светло, климатизација и силни трошила
  • Одвоени кругови за шпорет, бојлер, машина за перење и клима - секој со свој пресек
  • Подготовка на местото за разводната табла
  • Заземјување и поврзување на металните инсталации

Пресекот на кабелот не е место за заштеда. За осветлување стандардот е 1,5 mm², за приклучници 2,5 mm², а за силни трошила се пресметува според моќноста и должината на водот. Потенок кабел значи загревање, паѓање на напон и покус век.

Втора фаза - фината инсталација

Втората фаза доаѓа по малтерисување и по молерај, кога просторот е готов за завршна обработка:

  • Монтажа на штекери, прекинувачи, серии и маски
  • Поврзување и опремување на разводната табла со автоматски осигурачи и ФИД заштита
  • Монтажа на светлечки тела и лустери
  • Поврзување на бојлер, шпорет, клима и вентилација
  • Мерење, испитување и пуштање под напон

Што се проверува пред пуштање

Инсталација што „работи“ не значи инсталација што е исправна. Пред предавање се мери отпорот на изолацијата, се проверува заземјувањето и се тестира ФИД заштитата со уред, не со притискање на копчето за тест.

За тоа добивате документација - тоа е она што ви треба и при технички прием и при продажба на објектот. Инсталација без документација е проблем што се појавува подоцна, кога веќе не се сеќавате кој ја изведувал.

Најчестите грешки кај новоградба

  • Премалку штекери - најевтината измена е онаа што се прави додека ѕидот е отворен
  • Заборавен извод за клима, па подоцна кабел по ѕидот низ дневната соба
  • Сите светла на еден круг - прегорува еден осигурач и останува цела куќа во темно
  • Табла димензионирана точно, без ниту едно слободно место за проширување
  • Нема одвоен круг за кујна, каде истовремено работат шпорет, микробранова и садомијалка
  • Изведба без документација, што се сеќава дури при продажба

Работиме и со изведувачи

Ако градите со фирма, се вклопуваме во нивниот распоред и координираме со водовод и со ѕидарски работи, за да не се чека еден на друг. Ако градите сами, ви кажуваме однапред во кој момент треба да сме на објект, за да не застане градбата поради нас.

Оставете барање

Често Поставувани Прашања

Колку време треба за електрика на куќа?

Зависи од квадратурата и од бројот на кругови. Првата фаза за просечна семејна куќа е неколку дена, втората фаза е пократка, а помеѓу нив има пауза додека траат ѕидарските и молерските работи. Точен рок ви даваме откако ќе го видиме објектот или проектот.

Може ли да се работи само едната фаза?

Може. Влегуваме и само во втора фаза ако првата ја изведувал друг, но тогаш прво проверуваме што е поставено. Ако наидеме на нешто што не е по стандард, ви кажуваме пред да продолжиме - не поврзуваме врз туѓа работа за која не можеме да гарантираме.

Кога треба да ве повикаме?

Најдобро уште додека се ѕида, пред малтерисување. Тогаш позициите се договараат слободно. Ако се јавите откако ѕидовите се готови, секоја промена значи ново штемање.

Дали правите и приклучок кон мрежата?

Го подготвуваме мерното место и инсталацијата за приклучување, а самото приклучување на мрежата и постапката ја води Електродистрибуција. Ви објаснуваме што треба да поднесете и во кој редослед.

Колку штекери се доволни?

Нема универзален број, но правилото е: сметајте колку мислите дека ви требаат и додајте им уште. Додавање додека ѕидот е отворен чини минимално, а додавање после чини ново кршење, малтер и молерај.

Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме

Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.

Оставете барање

Оставете барање