Во моментов сме зафатени со поголеми зафати и не примаме телефонски повици. Оставете барање преку формуларот — се враќаме и ве контактираме од 15 октомври.

Од што се состои

  • Фаќачки систем на кровот - шипки и спроводници по највисоките точки и рабови
  • Одводи што го носат празнењето по фасадата надолу
  • Заземјувач во земја, поврзан со одводите
  • Мерни споеви што овозможуваат подоцнежно мерење без раскопување
  • Изедначување на потенцијалите со металните инсталации на објектот

Мерење и документација

Изведбата не завршува со монтажата. Отпорот на заземјување се мери со инструмент и вредноста се внесува во записник. Тоа е документот што се бара при технички прием, и истиот што ќе го побара осигурителна компанија ако некогаш има штета од удар.

Работа на висина со заштитна опрема на електрична мрежа

Мерењето не е еднократно. Заземјувачот стои во земја и корозијата работи со години - затоа постоечките инсталации се проверуваат периодично, а не само кога ќе се изведат.

Кога вреди да се провери

  • Ако објектот е стар и инсталацијата никогаш не е мерена
  • По реконструкција на кров или фасада - одводите често се прекинуваат при работа
  • Ако видите откинат или зарѓан спроводник по фасадата
  • Пред технички прием на нов објект
  • По удар во близина, дури и ако нема видлива штета

Заштита на опремата

Громобранот го штити објектот, но не и електрониката внатре. За неа се вградуваат пренапонски заштити во разводната табла, кои го ограничуваат скокот на напон што доаѓа по мрежата при празнење во близина. Тоа е одделна работа од самиот громобран и најчесто се прави заедно со неа.

Оставете барање

Често Поставувани Прашања

Дали громобран е задолжителен за куќа?

Зависи од типот и висината на објектот и од проектот. За нови објекти тоа го определува проектната документација. Ако не сте сигурни, кажете ни каков е објектот и ќе ви кажеме што важи за него.

Колку често се мери заземјувањето?

Периодично, а задолжително по секоја работа на кровот или фасадата што можела да ги допре одводите. Меѓу мерењата, визуелна проверка на спроводниците е бесплатна и ја прави секој од земја.

Добивам ли записник од мерењето?

Да. Мерењето без записник нема смисла - записникот е тоа што се покажува при прием и пред осигурување.

Кој број да го побарам?

Јавете се на - Даниел ги води громобранските инсталации и мерењата.

Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме

Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.

Оставете барање

Оставете барање