Во моментов сме зафатени со поголеми зафати и не примаме телефонски повици. Оставете барање преку формуларот — се враќаме и ве контактираме од 15 октомври.

Трифазна струја и разводни ормари

Повеќето деловни простори бараат трифазен приклучок - во разговор често ќе го слушнете и како трофазна струја, тоа е истото. Машини, професионална кујнска опрема, компресори, клима комори и поголеми потрошувачи не одат на монофазна инсталација. Ако просторот е претворен од стан или од продавница во нешто друго, тоа е првото што треба да се провери.

  • Изведба на трифазна инсталација и приклучок
  • Разводни и електро ормари - изработка, монтажа и проширување
  • Одвоени кругови по зона, машина или наемник
  • Мерење на оптоварување и балансирање по фази
  • Заштита од пренапон за чувствителна опрема
  • Заземјување и громобранска инсталација

Поврзување на машини и опрема

Секоја машина има свои барања за напојување и заштита. Поврзувањето не е само кабел до приклучок - треба точен пресек, свој осигурач и заштита што ќе ја исклучи опремата пред да се оштети, не потоа.

Каде најчесто работиме

  • Угостителски објекти - кујна, шанк, ладилници, аспирација
  • Продавници и маркети - расвета, каси, витрини
  • Магацини - високо осветлување, приклучоци за виљушкари
  • Канцеларии - мрежа на приклучници, расвета, UPS
  • Работилници и мали погони - машини и трифазни изводи
  • Салони и ординации - наменска расвета и заштита

Работиме кога вие не работите

Кај фирма исклучувањето на струјата среде работен ден чини повеќе од самата интервенција. Затоа поголемите зафати ги правиме ноќе, рано наутро или за викенд, договорено однапред, за да отворите наутро како да не сме биле таму.

За итни случаи важи истото што и за домаќинствата - достапни сме 24/7 и во Скопје стигнуваме за 30-60 минути.

Одржување со договор

За фирми што не сакаат да чекаат дефект, работиме по договор за одржување: периодична проверка на таблата и ормарите, мерење, термичка проверка на спојките и записник по секоја посета. Најголем дел од дефектите се гледаат како загреан спој неколку недели пред да откажат.

По секоја завршена работа издаваме фактура и документација за изведеното, што ви треба и за инспекција и за осигурување.

Оставете барање

Често Поставувани Прашања

Дали правите трифазна инсталација?

Да. Изведуваме трифазни инсталации и приклучоци, разводни ормари и поврзување на машини што бараат трифазно напојување.

Трифазна или трофазна - која е разликата?

Нема разлика, тоа е истата работа. Правилниот термин е трифазна струја, но во разговор многумина велат трофазна. И во двата случаја станува збор за приклучок со три фази, потребен за машини и поголеми потрошувачи.

Може ли да дојдете надвор од работно време?

Да, и тоа најчесто го препорачуваме кај поголеми зафати. Работиме ноќе, рано наутро или за викенд за да не се прекине работењето.

Издавате ли фактура и документација?

Да. За правни лица издаваме фактура, а по завршување добивате и документација за изведената работа.

Што опфаќа договорот за одржување?

Периодична проверка на табли и ормари, мерење, проверка на спојките и записник по секоја посета. Обемот и честотата се договараат според објектот.

Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме

Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.

Оставете барање

Оставете барање