Паметен дом - што вреди, а што не
Паметниот дом не е тоа што секој уред има апликација. Тоа е кога работите се случуваат сами, а кога нема интернет сè уште може да се вклучи светло со прекинувач.
Оставете барањеШто најчесто се вградува
- Осветлување - сценарија, димување, автоматско палење по движење или по зајдисонце
- Ролетни и завеси - по време, по сонце или сите одеднаш при излегување
- Термостат по простории, со распоред за работните денови
- Паметна брава и контрола на портата
- Сензори за движење, чад, истекување на вода
- Сценарија - едно копче што гаси сè при излегување
Жичано или безжично
Ако градите или реновирате, жичаното решение е поевтино и посигурно - каблите се полагаат кога ѕидовите се отворени и системот не зависи од WiFi. Ако инсталацијата е готова, безжичните уреди се разумниот избор: се вградуваат зад постоечките прекинувачи, без кршење.
Најголемата заштеда е во моментот на одлучување. Еден кабел повеќе при новоградба чини занемарливо; истиот кабел по две години чини штемање, малтер и молерај.
Правило што го применуваме
Секоја паметна инсталација што ја правиме мора да работи и рачно. Светлото се пали со прекинувач, ролетната се спушта со копче, вратата се отвора со клуч. Апликацијата е удобност врз тоа, не единствен начин. Систем каде паднат интернет значи темна куќа не е паметен, туку кревок.
Што обично не вреди
- Паметни сијалици во секоја фасунга наместо еден паметен прекинувач по круг - поскапо и потешко за одржување
- Уреди од пет различни производители што не се разбираат меѓу себе
- Автоматизација на нешто што и онака се прави еднаш дневно со рака
- Систем врзан за една апликација што престанува да работи ако производителот исклучи сервер
Често Поставувани Прашања
Може ли да се направи во постоечки стан?
Да. За стан со готова инсталација најчесто одиме на безжични модули зад постоечките прекинувачи, без кршење на ѕидови.
Што ако падне интернетот?
Сè што вградуваме мора да работи и рачно. Без интернет се губи далечинскиот пристап, но прекинувачите и копчињата продолжуваат да работат нормално.
Кога е најдобро да се планира?
При новоградба, во првата фаза, додека се полагаат каблите. Тогаш дополнителниот кабел чини најмалку што ќе чини некогаш.
Кој број да го побарам?
Јавете се на - Даниел ги води паметните инсталации.
Каде ја вршиме оваа услуга
Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме
Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.