Во моментов сме зафатени со поголеми зафати и не примаме телефонски повици. Оставете барање преку формуларот — се враќаме и ве контактираме од 15 октомври.

Што работиме

  • Замена на слушалка во еден стан, без да се дира остатокот од зградата
  • Целосна замена на системот за влез - централа, тастатура и слушалки
  • Видео интерфон со камера на влезот и екран во станот
  • Интерфон за куќа - од капија до влезна врата, со отворање на портата
  • Поправка на постоечки систем кога проблемот е во еден дел
  • Поврзување со електрична брава и со автоматска порта

Чести дефекти и што значат

  • Ѕвони, но не отвора врата - најчесто електричната брава или нејзиниот напон, не слушалката
  • Не ѕвони кај еден стан - прекин на линијата до тој стан или самата слушалка
  • Шуми и пука - оксидирани споеви на тастатурата од влага, чест кај стари влезови
  • Не работи кај никого - напојувањето или централата, а не сите слушалки одеднаш
  • Камерата е темна - позиција спрема сонце или доживеан сензор кај постари видео системи

За згради и заедници на сопственици

Кај заедничка централа прво утврдуваме дали проблемот е во заедничкиот дел или во еден стан - тоа определува и кој го плаќа поправката. Ако системот е стар до степен што делови повеќе не се набавуваат, ви кажуваме што значи целосна замена и колку трае, за да можете да го изнесете пред заедницата.

Работиме по договор со заедници на сопственици, со фактура на заедницата.

Оставете барање

Често Поставувани Прашања

Може ли да се замени само мојата слушалка?

Најчесто да, ако централата е исправна и ако делот е компатибилен. Прво проверуваме каков систем има влезот, па потоа предлагаме слушалка што работи со него.

Може ли обичен интерфон да се надгради во видео?

Зависи од инсталацијата. Некои системи бараат само замена на панелот и слушалките, други бараат нов кабел до становите. Тоа се гледа на лице место.

Правите ли интерфон за куќа со порта?

Да, вклучително отворање на портата и на влезната врата од истата слушалка или од телефон.

Кој број да го побарам за интерфон?

Јавете се на - Даниел ги води интерфон системите, видео надзорот и паметните инсталации.

Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме

Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.

Оставете барање

Оставете барање