Во моментов сме зафатени со поголеми зафати и не примаме телефонски повици. Оставете барање преку формуларот — се враќаме и ве контактираме од 15 октомври.
Подна кутија со приклучници и осигурачи во деловен простор

Електрични услуги во општина Чучер-Сандево

Чучер-Сандево е општина во подножјето на Скопска Црна Гора, северно од Скопје. Доминираат куќи и полурурални села, а во Кучевиште и кон планината има многу викенд куќи и излетнички објекти.

Нашата работа тука се движи од комплетни куќни инсталации, преку дворно и надворешно напојување, до подготовка на планински викенд куќи изложени на влага и студ.

Каде работиме во Чучер-Сандево:

  • Чучер (центар)
  • Сандево
  • Кучевиште
  • Бањане
  • Бразда
  • Глуво
  • Мирковци
  • Побожје
  • Бродец

Типични електрични потреби во Чучер-Сандево

Поради планинскиот терен и викенд куќите:

Комплетни куќни инсталации

Целата електрика со заземјување и громобран - особено важно за куќи изложени на планински грмотевици.

Планински викенд куќи

Кучевиште и околината се полни со викендици - греење, надворешна расвета отпорна на влага и студ, посебни кола, заштита од замрзнување.

Дворно и надворешно напојување

Расвета за двор, гаража и порта, со опрема IP65 за планински услови.

Долги траси и заземјување

Планинскиот терен бара специфични кабелски траси и добро заземјување - имаме искуство со тоа.

Што работиме во Чучер-Сандево

Колку брзо стигнува електричар во Чучер-Сандево?

Чучер-Сандево е 20-35 минути од Скопје. За повисоките села кон планината може малку повеќе. Кажи ни ја точната локација за да тргнеме со вистинската опрема.

Зошто Elektro TR за Чучер-Сандево?

Затоа што имаме искуство и со куќи и со планински викенд објекти - комплетни инсталации, громобран, надворешна расвета отпорна на влага и заштита од замрзнување. Итни интервенции 24/7.

Оставете барање, ве контактираме кога ќе се вратиме

Не примаме повици до 15 октомври. Пополнете го формуларот и ќе ви се јавиме штом се вратиме.

Оставете барање

Оставете барање